ЕДУКАТИВНИ РАБОТИЛНИЦИ (3-5ГОД.)

✨ Едукативните работилници во нашиот центар се еден од најубавите и најпрепознатливи продукти на Матрикс – место каде што секоја недела десетици дечиња се надоградуваат, учат преку игра и навистина уживаат.

👉 Веќе четврта година по ред континуирано ги развиваме овие работилници, кои претставуваат печат на Матрикс и симбол на креативност и учење преку игра со најиновативна програма.

Тука дечињата имаат можност да вежбаат најразлични вештини преку сензорни, когнитивни, говорни и моторички активности.

👉 Заедно развиваме креативност, самодоверба, социјални вештини и љубов кон учењето – темели кои им помагаат на најмалите сигурно да чекорат низ следните животни предизвици.

Локација Ул.141 бр.5 Тетово
Тел. 071 590 475
Matrix Educational Centar
Вашето омилено едукативно катче во градот!
Во Matrix Educational Centar веруваме дека учењето е патување кое никогаш не завршува. Затоа нудиме современи и практични курсеви наменети за сите генерации и професии:
Курсeви по математика – за ученици, студенти и сите што сакаат цврста основа во бројките
Англиски јазик – за почетници и напредни, деловен англиски и подготовка за испити
Компјутерски курсеви – од основи до напредни нивоа: Office, програмирање, графички дизајн
Уметнички работилници за возрасни – релаксација, креативност и личен развој
Корпоративни настани – тим билдинг, креативни сесии и едукативни работилници прилагодени на вашата компанија
Локација Љубо Божиновски Пиш Тетово
Тел. 071 571 570

Нашиот тим

ИВАНА АПОСТОЛОВСКА
ПРОФЕСОР ПО АНГЛИСКИ
За целокупната организација и стратегија за развој на центарот како и сите курсеви по англиски јазик и преводи во нашиот центар задолжена е ИВАНА

РАДМИЛА ДИМОВСКА
ПРОФЕСОР ПО ПРОГРАМИРАЊЕ И МАТЕМАТИКА
За сите курсеви по најпознатите програмски јазици и наголемиот училишен предизвик - математиката (12+ год), содржината коа што неуморно jа креираме на социјалните мрежи задолжена е РАДМИЛА

РАДИЦА АЦЕВСКА
ОДДЕЛЕНСКИ НАСТАВНИК За нашите едукативни работилници трета година по ред, логички курсеви, курсеви за асистенциjа и математика (7+години) задолжена е учителката РАДИЦА